Откровение 21:24-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

24. Народите ќе одат по неговата светлина, а земните цареви ќе ја предадат тука својата слава.

25. Портите на градот ќе бидат постојано отворени, зашто таму секогаш е ден, и ноќи нема да има.

26. Сите народи ќе ги донесат славата и почестите во градот.

27. Тие што се недостојни, немаат пристап таму: ќе нема погани умови и лажговци. Во градот ќе живеат само оние чии имиња се запишани во Книгата на животот, составена од Јагнето.

Откровение 21