5. (Другите умрени нема да воскреснат додека не поминат илјада години.)
6. Благословени и свети се оние што ќе бидат учесници во првото воскресение! Втората смрт ќе нема власт над нив; тие ќе бидат Божји и Христови свештеници и ќе царуваат со Нив илјада години.
7. Кога ќе изминат илјада години, Сатаната ќе биде пуштен од затворот во Бездната.
8. Тој ќе тргне да ги заведува народите по сите четири страни на светот - народите на Гог и Магог, кои заедно со него ќе тргнат во војна. Ќе собере многубројна војска, колку што има зрнца песок на морските брегови.