Откровение 20:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Потоа видов еден ангел како слегува од небото; во рацете го носеше клучот од Бездната и една голема верига.

2. Тој го фати Змејот - старата Змија, познат и како Ѓавол и Сатана - и го окова во верига за период од илјада години.

3. Потоа го фрли во Бездната. Таму го затвори и го заклучи, за да не ги заведува народите во период од илјада години. Потоа тој ќе биде пуштен, но само за кратко време.

Откровение 20