Откровение 2:10-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. Не плашете се од страдањата што ве очекуваат. Наскоро, Ѓаволот некои од вас ќе искуша, фрлајќи ги в затвор. Ќе страдате „десетина дена“. Останете Ми верни дури и ако ве осудат на смрт и Јас ќе ве наградам со венецот на животот!

11. Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!

12. „До гласникот на црквата во Пергам напиши го следново: Ова ви го порачува Оној што држи двострано остар меч:

Откровение 2