1. До гласникот на црквата во Ефес, напиши го следново: Ова ви го порачува Оној што ги држи седумте ѕвезди во Својата десна рака и што оди меѓу седумте златни свеќници:
2. Познати Ми се вашите дела, труд и трпение. Знам дека не поднесувате зли луѓе. Кога некои луѓе се прикажувале за апостоли, а не биле, вие сте ги провериле и сте утврдиле дека тие се лажливци.
3. Непоколебливи и неуморни сте, иако имате претрпено многу заради Мене.
4. Но имам нешто против вас: Вие веќе немате таква љубов спрема Мене, каква што имавте на почетокот!
5. Присетете се кај бевте, а кај паднавте сега! Покајте се и постапувајте како на почетокот! Инаку, ако не се покаете, ќе дојдам кај вас и ќе ви го земам свеќникот!
6. Сепак, ова ви е добро: го мразите она што го прават николаитите, како што и Јас го мразам.