Откровение 19:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Потоа чув многубројни гласови на небото кои пееја вака: “Слава на Бога!

2. Зашто Тој суди чесно и справедливо! Тој ја осуди бесрамната блудница, и врз неа ја одмазди крвта на Своите следбеници, зашто таа со своето блудство ја расипа Земјата!“

3. А хорот на небото повторуваше: „Слава на Бога! Димот од пламенот во којшто таа гори, нема никогаш да престане да се крева!“

4. Тогаш дваесет и четирите старешини и четирите живи суштества паднаа ничкум и Му се поклонија на Бог, Кој седеше на престолот, велејќи: „Амин! Слава на Бога!“

5. Од престолот проговори глас и рече: „Славете Го нашиот Бог, вие мали и големи - сите што сте во Негова служба и имате страхопочит спрема Него!“

Откровение 19