Откровение 17:8-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Ѕверот што го виде, порано постоеше, а сега го нема. Тој од Бездната ќе излезе уште еднаш, но само за да заврши во пропаст. Сите жители на Земјата чии имиња не се запишани во Книгата на животот уште пред создавањето на светот, ќе се зачудат кога ќе го видат Ѕверот кој постоеше, а сега го нема, како се појавува уште еднаш.

9. За ова е потребна мудрост и проникливост! Седумте глави на кои седи жената, се седум ридови. Истовремено, седумте глави претставуваат седум владетели.

10. Пет од нив веќе паднаа, шес-тиот владее сега, а седмиот допрва треба да дојде. Кога ќе дојде тој, ќе владее само кратко време.

Откровение 17