1. Потоа на небото видов уште една чудесна и величествена глетка. Седум ангели ги носеа последните седум стравотни неволи, со кои ќе се доврши Божјиот гнев.
2. Потоа видов некои луѓе со харфи во рацете како стојат на нешто што прилегаше на стаклено море измешано со оган. Тоа беа оние што го победија Ѕверот и неговата икона, како и бројот што го претставува неговото име.