Откровение 10:3-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Тој проговори со глас како лавовски рев. Во одговор се огласија седум грмотевици.

4. Кога се огласија седумте грмотевици сакав да го запишам тоа што го рекоа тие, но еден глас од небото ми рече: „Не запишувај го тоа што го рекоа седумте грмотевици; тоа нека остане тајна!“

5. Тогаш, ангелот што го видов порано со едната нога врз морето а со другата врз копното ја крена својата десна рака кон небото

Откровение 10