Откровение 1:15-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. стапалата Му блескаа како бронза пречистена во вжарена печка, а гласот Му беше силен како бучава од забревтани води.

16. Во Својата десна рака Тој држеше седум ѕвезди, а од устата Му излегуваше двостран остар меч. Лицето Му болскотеше како Сонцето во полна сила.

17. Кога Го видов, паднав како мртов пред Неговите нозе! Тој ме допре со Својата десна рака и ми рече: „Не плаши се! Јас Сум Првиот и Последниот.

18. Јас Сум Живиот! Бев мртов, но сега Сум вечно жив и ги имам клучевите од смртта и од Адот.

19. Запиши го тоа што го виде: и тоа што е сега и тоа што ќе се случи подоцна.

20. А еве што е таинственото значење на седумте ѕвезди што ги виде во Мојата десна рака, и на седумте златни свеќници: седумте ѕвезди ги претставуваат седумте гласници на седумте цркви, а седумте свеќници ги претставуваат седумте цркви.“

Откровение 1