1. Ова е откровение од Исус Христос. Бог Него Го овласти да им го открие на Своите следбеници она што наскоро ќе се случи. Потоа Христос испрати Свој ангел преку виденија да му ја пренесе пораката на Божјиот слуга Јован.
2. Јован овде верно ја кажува Божјата порака, сведоштвото на Исус Христос и се што видел.
3. Бог ги благословува оние што јавно ги читаат овие пророштва, како и оние што ги слушаат и ги прифаќаат пророштвата запишани во оваа книга. Зашто, предопределеното време за нивно исполнување е на прагот!
4. Од Јован, до седумте цркви во Азија: Ви пожелувам милостива благонаклоност и мир од Бог, Кој постои, Кој отсекогаш постоел и Кој ќе дојде; и од седумкратниот Дух пред Неговиот престол,
5. и од Исус Христос - верниот Сведок, Првороденецот од мртвите и Владетелот над земните цареви. Тој нас не љуби и со Својата крв не откупи од власта на гревот.