Maтеј 9:33-35 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

33. Штом Исус го ослободи од демонскиот дух, човекот проговори; сите се чудеа и зборуваа: „Вакво нешто досега не сме виделе во Израел!“

34. А фарисеите, пак, велеа: „Тој изгонува демони затоа што поглаварот на демоните е во Него!“

35. Исус одеше по сите градови и села и поучуваше по синагогите, ја проповедаше Радосната вест за Божјото царство и исцелуваше луѓе со секакви болести и заболувања.

Maтеј 9