Maтеј 9:3-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Тогаш, некои вероучители си помислија во себе: „Овој човек е богохулник!“

4. Исус, пак, проѕирајќи им ги мислите, рече: „Зошто ви доаѓаат такви зли мисли?

5. Што е полесно да се каже: ,Гревовите ти се простуваат‘ или ,Стани и оди!‘?

6. Но ќе ви докажам дека Јас, Синот Човечки, имам власт овде на Земјата да простувам гревови!“ Тогаш му се обрати на парализираниот и му рече: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!“

7. Човекот стана и оздравен си отиде дома.

8. Кога го виде ова, народот го обзеде страв, па Му оддаде слава на Бога, што им пратил човек со ваква моќ.

Maтеј 9