Maтеј 9:2-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Таму луѓето Му донесоа на носила еден парализиран човек. Кога Исус ја виде нивната вера, му се обрати на парализираниот: „Не плаши се, синко, гревовите ти се простуваат!“

3. Тогаш, некои вероучители си помислија во себе: „Овој човек е богохулник!“

4. Исус, пак, проѕирајќи им ги мислите, рече: „Зошто ви доаѓаат такви зли мисли?

5. Што е полесно да се каже: ,Гревовите ти се простуваат‘ или ,Стани и оди!‘?

Maтеј 9