1. Качувајќи се на бротчето, Исус одново отплови преку езерото и се врати во својот град Кафарнаум.
2. Таму луѓето Му донесоа на носила еден парализиран човек. Кога Исус ја виде нивната вера, му се обрати на парализираниот: „Не плаши се, синко, гревовите ти се простуваат!“
3. Тогаш, некои вероучители си помислија во себе: „Овој човек е богохулник!“