Maтеј 7:15-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. „Чувајте се од лажни пророци; тие доаѓаат кај вас во овча кожа, но однатре се грабливи волци.

16. По нивните плодови ќе ги распознаете: трнот сигурно не раѓа грозје, ниту пак чичката раѓа смокви!

17. Секое питомо дрво раѓа питоми плодови, а секое диво дрво раѓа диви плодови.

18. Од питомото дрво не може да произлезе див плод, ниту пак од дивото дрво може да произлезе питом плод.

19. А дрвјата кои не раѓаат питоми плодови се сечат и се горат!

20. Така, значи, по нивните плодови ќе ги распознаете.“

Maтеј 7