29. па сепак, ви велам дека ни царот Соломон во својата најголема слава не беше накитен како еден полски цвет!
30. А, кога Бог така ја облекува полската трева, која денес ја има, а веќе утре в оган се фрла, зар Тој нема и вас да ве облече? Колку мала вера имате!
31. Затоа, да не ве мачат грижи за тоа што ќе јадете, што ќе пиете и во што ќе се облечете;
32. тоа им е својствено на оние што не Го познаваат Бога, кои се јадосуваат поради овие работи. А вашиот небесен Татко знае дека тие работи ви се неопходни.
33. Вие, пак, грижете се најнапред за Божјото царство и Неговата праведност, а си друго што ви е потребно, ќе ви биде дадено.
34. Значи, не грижете се за утрешниот ден тој ќе се погрижи за себе. Доволно грижи има за денешниот ден!“