Maтеј 5:38-43 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

38. „Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон било заповедано вака: ,Око за око, заб за заб.‘

39. Јас, пак, ви велам: ,Не возвраќајте им на оние што ви прават зло! Ако некој те удри по едниот образ, сврти му го и другиот.

40. Ако некој те тужи за да ти ја земе кошулата, дај му го и палтото.

41. Ако некој те присили да му ги носиш торбите еден километар, ти носи му ги два километри.

42. Кога некој ќе запроси нешто од тебе дај му; и не одбивај човек што бара да позајми нешто од тебе.‘“

43. „Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон било заповедано и ова: ,Сакај ги своите ближни, а мрази ги своите непријатели.‘

Maтеј 5