Maтеј 5:34-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

34. Јас, пак, ви велам: ,Не заколнувајте се воопшто: ни во небото, зашто тоа е Божји престол;

35. ни во Земјата, зашто таа е подножје на Неговите нозе; ни во Ерусалим, зашто тој град е на Великиот Цар;

36. ни во својата сопствена глава, зашто не можете да создадете ни едно црно или бело влакно;

37. кажете само ,Да‘ или ,Не‘; а секакво заколнување покрај ова е поттикнато од Злиот.‘“

Maтеј 5