Maтеј 5:12-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Радувајте се и ликувајте, зашто на небото ве чека голема награда; така беа прогонувани и Божјите пророци кои живееја пред вас.“

13. „Вие сте во улога на сол на Земјата; ако солта стане блуткава, како ќе ђ се врати солениот вкус? Таа ќе стане безвредна ќе биде фрлена да ја газат луѓето.

14. Вие сте во улога на светлина на светот, како осветлен град изграден на врв планина, за сите да го гледаат.

15. Никој не пали свеќа за да ја покрие со капак, туку ја става на свеќник, за да им свети на сите во куќата.

16. Така и вие бидете светлина пред луѓето, нека видат добри дела во вас, па ќе Го слават вашиот небесен Татко.“

Maтеј 5