Maтеј 3:11-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Јас ве крштавам во вода, врз основа на вашето покајание, но Оној што иде по мене е многу поголем од мене и јас не сум достоен ни сандалите да Му ги одврзам; Тој ќе ве крсти со Светиот Дух и со оган.

12. Тој има лопата в раце и ќе го исчисти Своето гумно: житото ќе го собере во житните складови, а плевелот ќе го гори во вечен оган.“

13. Во тоа време, од Галилеја дојде Исус да се крсти кај Јован, во реката Јордан.

14. А Јован го одвраќаше, велејќи Му: „Ти треба да ме крстиш мене, а не јас Тебе!“

15. Но Исус му рече: „Така треба да биде сега, зашто ние треба да исполнуваме си што е правилно.“ Тогаш Јован се согласи и Го крсти.

Maтеј 3