9. Одеднаш, ги пресретна Исус и ги поздрави: „Здраво!“ Тие Му пријдоа, ги прегрнаа Неговите нозе и Му се поклонија.
10. Тогаш Исус им рече: „Не плашете се! Одете и јавете им на Моите браќа да појдат во Галилеја; таму ќе се видиме!“
11. Додека жените одеа кон градот, некои од стражарите што го чуваа гробот веќе отидоа во градот и им раскажаа на свештеничките поглавари за сето ова што се случи.