2. Одненадеж почвата силно се затресе; ангел Господов слезе од небото, го тргна каменот со кој беше затворена гробницата и седна врз него.
3. Лицето му светеше како молскавица, а облеката му беше бела како снег.
4. Стражарите толку се исплашија, што како мртви испопаѓаа по земјата.
5. Ангелот им се обрати на жените: „Не плашете се! Знам дека Го барате распнатиот Исус.
6. Не е тука; воскресна, како што однапред ви беше рекол! Влезете и погледнете го местото каде што беше положено Неговото тело.
7. Одете брзо и кажете им на Неговите ученици дека Тој воскресна од мртвите и дека е на пат кон Галилеја. Појдете таму и ќе Го видите. Еве, дојдов да ви го кажам тоа.“