12. Тогаш свештеничките поглавари се состанаа со народните старешини и решија да ги подмитат стражарите со голема сума пари.
13. Им рекоа вака: „Ќе кажувате дека Исусовите ученици дошле ноќе додека вие сте спиеле и го украле Неговото тело!
14. Ако за ова чуе гувернерот, ние ќе се погрижиме да нема непријатности за вас.“
15. Стражарите ги зедоа парите и постапија онака како што им беше кажано. За ова меѓу Јудејците се раскажува до денденес.
16. Единаесеттемина Исусови ученици отидоа во Галилеја, на гората на којашто Исус им закажа средба.
17. Кога Го видоа, тие Му се поклонија, иако некои од нив останаа неуверени.