7. Одржаа состанок на кој решија да се купи ,грнчаревата нива‘ и да се користи како гробишта за туѓинци.
8. Поради ова, таа нива до денес се вика ,Крвна нива‘.
9. На тој начин се исполнија зборовите на пророкот Еремија: „Ги зедоа триесетте сребреници, цена што за Непроценливиот ја определија Израелците.
10. Ги платија за нивата на грнчарот, како што Господ ми објави.“
11. Исус беше доведен пред римскиот гувернер Пилат, кој Го запраша: „Ти ли си царот на Евреите?“ Исус му одговори: „Самиот го велиш тоа.“
12. А кога свештеничките поглавари и старешините почнаа да ги изнесуваат своите обвинувања против Него, Исус молчеше.
13. Тогаш Пилат Му рече: „Зар не ги слушаш овие тешки обвиненија против Тебе?“
14. Но Исус воопшто не му одговараше, на што гувернерот многу се чудеше.
15. А на секој празник, гувернерот пушташе од затвор по еден затвореник, по избор на народот.
16. Во тоа време в затвор беше еден озлогласен разбојник, по име Бараба.
17. Пилат го запраша насобраниот народ: „Кого сакате да ви го ослободам: (Исус) Бараба или Исус, наречен ,Месијата‘?“
18. Пилат знаеше дека еврејските водачи му Го предадоа Исуса од завист.
19. Додека Пилат го водеше судењето, му ја донесоа следната порака од неговата сопруга: „Не учествувај во осудувањето на Тој праведен човек, зашто ноќва имав морничави соништа поради Него!“