36. Потоа седнаа и стражареа околу Него.
37. Над главата Му ставија натпис за Неговата вина. Натписот гласеше: „Ова е Исус, царот на Евреите.“
38. Заедно со Него распнаа и двајца злосторници: едниот оддесно, другиот одлево на Исус.
39. Минувачите покрај крстот Го навредуваа Исуса, вртејќи со главите и
40. извикувајќи: „Ти, што тврдеше дека ќе ни го разурнеш храмот и за три дена повторно ќе го подигнеш, спаси се сега! Ако си Ти Божјиот Син, ајде симни се од крстот!“