Maтеј 27:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. На разденување, се состанаа сите свештенички поглавари и народни старешини и решија да побараат од римските власти Исус да биде погубен.

2. Го врзаа и Го одведоа кај римскиот гувернер Пилат.

3. Кога предавникот Јуда разбра дека Исус е осуден на смрт, кај него се јави грижа на совеста, па им ги врати триесетте сребреници на свештеничките поглавари и на старешините, изјавувајќи:

4. „Згрешив, бидејќи предадов невин човек!“ Но тие му одговорија: „Што имаме ние со тоа? Тоа си е твоја работа!“

5. Тогаш Јуда ги фрли сребрениците во храмот, си замина оттаму и се обеси.

Maтеј 27