Maтеј 26:40-44 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

40. Кога Исус се врати кај Своите ученици ги затекна како спијат. Тогаш му се обрати на Петар: „Зар не можевте да бдеете со Мене еден час!?

41. Разбудете се и молете се да не бидете совладани од искушението што доаѓа! Зашто, иако духот е храбар, телото е слабо!“

42. Потоа Исус повторно се оддалечи малку и продолжи да се моли: „Татко Мој! Ако нема начин да Ме одмине ова горчливо страдање, Јас ќе ја исполнам Твојата волја!“

43. Враќајќи се кај Своите ученици повторно ги затекна на спиење; очите едноставно им се затвораа.

44. Исус ги остави и отиде пак да се моли, по третпат повторувајќи ја истата молитва.

Maтеј 26