Maтеј 26:18-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. Исус им рече да отидат во градот и на извесен човек да му кажат вака: „Нашиот Учител вели: ,Дојде Моето време. Сакам да ја одржам пасхалната вечера, заедно со Моите ученици, овде, во твојот дом‘.“

19. Учениците постапија онака како што им заповеда Исус и таму ја приготвија пасхалната вечера.

20. Вечерта Исус седеше на трпезата заедно со дванаесеттемина.

21. Додека вечераа, Исус им рече: „Еден од вас навистина ќе Ме предаде!“

22. Оваа изјава ги нажали учениците и еден по еден почнаа да Го прашуваат: „Да не сум јас, Господе?“

Maтеј 26