16. Оттогаш Јуда бараше згоден момент да Го предаде Исуса.
17. На првиот ден од празникот Бесквасници учениците Му пристапија на Исус и Го прашаа: „Каде би сакал да ја приготвиме пасхалната вечера?“
18. Исус им рече да отидат во градот и на извесен човек да му кажат вака: „Нашиот Учител вели: ,Дојде Моето време. Сакам да ја одржам пасхалната вечера, заедно со Моите ученици, овде, во твојот дом‘.“
19. Учениците постапија онака како што им заповеда Исус и таму ја приготвија пасхалната вечера.
20. Вечерта Исус седеше на трпезата заедно со дванаесеттемина.
21. Додека вечераа, Исус им рече: „Еден од вас навистина ќе Ме предаде!“
22. Оваа изјава ги нажали учениците и еден по еден почнаа да Го прашуваат: „Да не сум јас, Господе?“