Maтеј 25:39-43 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

39. Кога сме Те виделе болен или в затвор, па сме Те гледале и сме Те посетиле!?‘

40. А Царот ќе им рече: ,Секогаш кога сте го правеле тоа за еден од Моите најмали луѓе сте го правеле за Мене!‘

41. Потоа Царот ќе им се обрати на оние од левата страна: ,Бегајте од Мене, вие клетници! Одете во вечниот оган, подготвен за Ѓаволот и за неговите ангели!

42. Зашто, кога бев гладен, вие не Ми дадовте да јадам; кога бев жеден, не Ми дадовте да се напијам, кога бев патник не Ме прибравте;

43. кога бев без облека, не Ме облековте, кога бев болен и в затвор, вие не Ме посетивте.‘

Maтеј 25