Maтеј 25:3-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Глупавите понесле со себе ламби, но не зеле и масло за горење.

4. Мудрите, пак, заедно со ламбите зеле и масло за горење.

5. Доаѓањето на младоженецот се забавило, па сите девојки задремале и заспале.

6. На полноќ ги разбудил силен извик: ,Младоженецот доаѓа! Излезете му во пресрет!‘

7. Девојките станале и почнале да ги подготвуваат своите ламби.

8. Тогаш глупавите им рекле на мудрите: ,Дајте ни од вашето масло за горење, зашто ламбите ни гаснат!‘

9. Но мудрите им одговориле: ,Немаме доволно масло и за вас и за нас; затоа, појдете кај трговците и купете си!‘

Maтеј 25