27. зошто не ги стави моите пари в банка, та кога се вратив, со нив ќе добиев и камата!?‘
28. Затоа, земете му ги тие илјада златници и дајте му ги на оној што има десет илјади златници!
29. Секој што спечалил нешто со она што му е доверено, ќе му биде дадено уште и тој ќе има изобилно. А на тој што не спечалил ништо со она што му е доверено, ќе му биде земено и она малку што го има.
30. А бескорисниот слуга фрлете го надвор во темница таму каде што луѓето од мака лелекаат и чкртаат со сопствените заби!“
31. „Кога Синот Човечки ќе дојде во Сиот Свој сјај, придружен од сите Свои ангели, ќе седне на Својот славен престол
32. и ќе ги собере околу Себе сите народи. Тој ќе ги одвои во две групи како што овчарот ги одлачува овците од козите.
33. Овците ќе ги постави на Својата десна страна, а козите на левата.
34. Тогаш Царот ќе им се обрати на оние од десната страна: ,Вие сте благословени од Мојот Татко; дојдете и примете го Царството што е приготвено за вас уште од создавањето на светот.
35. Зашто, кога бев гладен, вие Ме нахранивте; кога бев жеден, Ме напоивте; кога бев патник, Ме прибравте;
36. кога бев без облека, Ме облековте; кога бев болен, Ме гледавте; кога бев в затвор, Ме посетувавте.‘
37. Тогаш праведниците ќе Му одговорат: ,Господе! Кога сме Те виделе гладен или жеден, па сме Те нахраниле и сме Те напоиле?
38. Кога сме Те сретнале како патник или без облека, па сме Те прибрале и сме Те облекле?
39. Кога сме Те виделе болен или в затвор, па сме Те гледале и сме Те посетиле!?‘
40. А Царот ќе им рече: ,Секогаш кога сте го правеле тоа за еден од Моите најмали луѓе сте го правеле за Мене!‘