Maтеј 25:19-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. По подолго време господарот на слугите се вратил и ги повикал да му положат сметка.

20. Дошол оној што беше примил пет илјади златници, донесол уште други пет илјади и рекол: ,Господару, ти ми довери пет илјади златници; еве, со нив спечалив уште пет илјади‘

21. ,Одлично!‘ му одговорил господарот. ,Ти се покажа како добар и верен работник. Ја оправда довербата над она малку што ти го доверив; затоа сега ќе ти предадам многу повеќе. Влези и придружи се на веселбата што ја приредува твојот господар!‘

22. Потоа пристапил и оној што беше добил две илјади златници и рекол: ,Господару, ти ми довери две илјади златници; еве, со нив спечалив уште две илјади‘

23. ,Одлично!‘ му одговорил господарот. ,Ти се покажа како добар и верен работник. Ја оправда довербата над она малку што ти го доверив; затоа сега ќе ти предадам многу повеќе. Влези и придружи се на веселбата што ја приредува твојот господар!‘

24. На крајот пристапил и слугата што беше добил илјада златници и рекол: ,Господару, знаев дека си ти строг човек: жнееш каде што не си сеел и береш каде што не си садел.

25. Се исплашив дека ќе ги загубам доверените златници, па отидов и ги закопав. Еве, ти го враќам твоето.‘

26. Тогаш неговиот господар му рекол: ,Лош и мрзлив слуго! Штом си знаел дека сум строг човек и дека жнеам каде што не сум сеел и берам каде што не сум садел,

27. зошто не ги стави моите пари в банка, та кога се вратив, со нив ќе добиев и камата!?‘

Maтеј 25