Maтеј 25:14-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. „Небесното царство може да се спореди со човек кој, пред да замине на пат, ги повикал своите слуги и им го предал својот имот да раководат со него.

15. На секој од нив им дал според нивните способности: на првиот му доверил пет илјади златници, на вториот две илјади, а на третиот илјада. Потоа тој заминал на пат.

16. Оној што добил пет илјади златници веднаш почнал да тргува со нив и спечалил уште пет илјади.

17. Исто така и оној што добил две илјади златници спечалил уште две илјади.

Maтеј 25