1. „Кога ќе биде воспоставено небесното царство, тоа ќе биде како во следната споредба. Десет девојки ги зеле своите ламби и излегле да го пречекаат младоженецот.
2. Петте од нив биле глупави, а другите пет мудри.
3. Глупавите понесле со себе ламби, но не зеле и масло за горење.
4. Мудрите, пак, заедно со ламбите зеле и масло за горење.
5. Доаѓањето на младоженецот се забавило, па сите девојки задремале и заспале.
6. На полноќ ги разбудил силен извик: ,Младоженецот доаѓа! Излезете му во пресрет!‘
7. Девојките станале и почнале да ги подготвуваат своите ламби.
8. Тогаш глупавите им рекле на мудрите: ,Дајте ни од вашето масло за горење, зашто ламбите ни гаснат!‘
9. Но мудрите им одговориле: ,Немаме доволно масло и за вас и за нас; затоа, појдете кај трговците и купете си!‘
10. Додека тие отишле да купат масло, младоженецот пристигнал. Тие што биле подготвени, влегле со него на свадбата, по што вратата била затворена.
11. Подоцна пристигнале и другите девојки и почнале да викаат: ,Господине! Господине! Отвори ни!‘