Maтеј 24:48-51 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

48. Но ако слугата е лош и си рече во себе: ,Мојот господар нема да се врати уште долго време!‘,

49. и почне да ги тепа своите другари, и да јаде и пие со пијаници,

50. тогаш неговиот господар ќе се врати во ден во кој не го очекува и во ненадеен час,

51. и ќе го казни најстрого, фрлајќи го меѓу оние кои само се преправале дека се искрени спрема господарот. Таму ќе има лелекање и крцкање со заби.“

Maтеј 24