Maтеј 24:35-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

35. Небото и Земјата ќе ги снема, но Моите зборови ќе останат!

36. А денот и часот на Христовото враќање никому не му се откриени, дури ни на ангелите на небото, ниту пак на Божјиот Син. Само небесниот Татко ги знае.

37. Кога ќе дојде Синот Човечки, состојбата во светот ќе биде како во времето на Ное.

38. Имено, пред самиот потоп, луѓето јадеа, пиеја, се женеа и се мажеа си до денот кога Ное влезе во бродот;

39. и не сфатија што се случува, додека не дојде потопот и ги однесе сите. Така ќе биде и кога ќе се врати Синот Човечки.

40. Во тој миг, од двајца што ќе работат на нива, едниот ќе биде земен на небото, а другиот оставен;

Maтеј 24