Maтеј 24:3-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Подоцна, кога Исус седеше на падините од Маслиновата Гора, Му пријдоа Неговите ученици и насамо Го прашаа: „Кажи ни кога ќе се случи сето тоа и по што ќе го познаеме времето на Твоето повторно доаѓање и крајот на светот?“

4. Исус им одговори: „Чувајте се некој да не ве заведе.

5. Бидејќи мнозина ќе се појават под Моето име и ќе ви говорат: ,Јас сум Месијата!‘ и ќе измамат мнозина.

6. Ќе избувнат војни во близина и војни во далечина. Да не ве обзема паника, зашто тоа мора да се случи, иако тоа не значи дека веќе дошол крајот.

7. Народите ќе војуваат едни против други, и држави против други држави. Глад и земјотреси ќе погодат многу места.

8. Сето ова ќе биде само како почеток на породилни болки!“

9. „Тогаш вас ќе ве апсат, ќе ве казнуваат и ќе ве убиваат. Поради верата во Мене, по целиот свет ќе ве мразат.

10. Во тоа време мнозина ќе се откажат од верата во Мене; едни други ќе се издаваат и меѓусебно ќе се мразат.

11. Ќе се појават и многу лажни пророци и ќе заведат мнозина.

12. Грешноста ќе земе таков замав, што љубовта меѓу луѓето ќе станува си постудена.

Maтеј 24