Maтеј 24:22-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

22. Да не беше предвидено скратување на тоа време, никој не би преживеал; но тоа време ќе се скрати, заради избраните од Бога.“

23. „Ако некој тогаш ви рече: ,Еве Го Месијата овде!‘ не верувајте му!

24. Зашто, ќе се појават лажни месии и лажни пророци и ќе изведат големи знаци и чуда, обидувајќи се да ги измамат избраните од Бога, ако е можно.

25. Еве, однапред ви кажав.

26. Значи, ако ви речат: ,Ене Го Месијата во пустината!‘ не одете таму; или: ,Еве Го, се крие овде!‘ не верувајте им!

27. Зашто, Синот Човечки ќе дојде како молскавица што ќе болсне на исток и веднаш ќе се види на запад!

Maтеј 24