Maтеј 23:36-39 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

36. Ве уверувам дека казната за сите овие убиства ќе падне врз оваа генерација!

37. Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и ги каменуваш Божјите пратеници испратени во тебе! Колкупати сакав да ги закрилам твоите жители како квачката што ги собира пилињата свои под крилјата, но вие не сакавте!

38. Затоа, вашиот храм ќе ви се препушти вам и ќе запусти.

39. Ви кажувам дека отсега нема да Ме видите си додека не речете: ,Благословен да биде Оној што доаѓа во името на Господ!‘“

Maтеј 23