31. Така самите признавате дека сте им потомци на оние што ги убиваа пророците!
32. Затоа, ајде, довршете го делото на вашите предци!
33. Змии ниедни и змиски рожби! Како ќе ја избегнете пресудата за во пеколот!?
34. Затоа, еве, испраќам меѓу вас пророци и мудри луѓе и вероучители, а вие некои од нив ќе убиете, на крст ќе ги распнете, а некои ќе ги камшикувате по синагогите и ќе ги прогонувате од еден град во друг.
35. Така, врз вас ќе падне казната за сите невини жртви на Земјата, од убиството на праведниот Авел до убиството на Захарија, синот на Берекија, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот!
36. Ве уверувам дека казната за сите овие убиства ќе падне врз оваа генерација!
37. Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и ги каменуваш Божјите пратеници испратени во тебе! Колкупати сакав да ги закрилам твоите жители како квачката што ги собира пилињата свои под крилјата, но вие не сакавте!
38. Затоа, вашиот храм ќе ви се препушти вам и ќе запусти.
39. Ви кажувам дека отсега нема да Ме видите си додека не речете: ,Благословен да биде Оној што доаѓа во името на Господ!‘“