26. Слеп фарисеју! Прво нека биде чисто тоа што е во чашата, па ќе ђ биде чиста и надворешноста!
27. Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие сте како варосани гробови кои однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со коски на мртовци и со изгниени трупови!
28. На луѓето им се прикажувате како праведници, а однатре сте полни со лицемерство и гревови!“
29. „Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие им ѕидате гробници на пророците и ги украсувате спомениците на праведниците,
30. и велите: ,Да живеевме во времето на нашите предци, ние немаше да соучествуваме во убивањето на пророците!‘
31. Така самите признавате дека сте им потомци на оние што ги убиваа пророците!
32. Затоа, ајде, довршете го делото на вашите предци!