16. Тешко вам, слепи водачи, кои велите: ,Ако некој се заколне во Божјиот храм, тоа на ништо не го обврзува, но ако се заколне во црковното злато, тогаш, тоа го обврзува!‘
17. Безумници и слепци ниедни! Што е поважно: златото или храмот што го прави златото да биде свето!?
18. И ова го велите: ,Ако некој се заколне во олтарот, тоа на ништо не го обврзува, а ако се заколне во жртвениот прилог на олтарот, тогаш, тоа го обврзува!‘
19. Слепци ниедни! Што е поважно: жртвениот прилог на олтарот или олтарот што го прави прилогот да биде свет!?
20. Тој што се заколнува во олтарот, се заколнува во него и во си што е на него!
21. Тој што се заколнува во храмот, се заколнува во него и во Бога Кој е присутен во него!
22. Тој што се заколнува во небото, се заколнува во Божјиот престол и во Бога, Кој седи на него!
23. Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие давате десеток од зачините, како што се нането, копрата и кимот, а ги запоставувате најважните барања на Божјиот Закон: праведноста, милоста и верата! Да, десеток треба да давате, но не смеете да ги запоставувате најважните работи.
24. Слепи водачи ниедни! Комарец цедите, а камила голтате!
25. Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Чашите и чиниите однадвор ги миете, а однатре се полни со она што сте го зеле преку грабеж и себично лакомство!
26. Слеп фарисеју! Прво нека биде чисто тоа што е во чашата, па ќе ђ биде чиста и надворешноста!