Maтеј 23:1-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Потоа Исус им се обрати на луѓето и на Своите ученици:

2. „Вероучителите и фарисеите се овластени да ве поучуваат од Мојсеевиот Закон.

3. Затоа, извршувајте го и слушајте го она што тие го проповедаат; но не угледувајте се на нив, бидејќи тие не го практикуваат тоа што го проповедаат.

4. Тие им товарат на луѓето тешки товари кои одвај можат да се носат, а самите ни со прст не помагаат.

5. Си што прават тие, го прават за да се покажат пред луѓето: со себе носат дебели молитвеници, си пришиваат долги реси на своите мантии,

6. ги сакаат почесните места на гозбите и челните места по храмовите;

7. сакаат да бидат поздравувани на јавни места и нарекувани со почесни титули.

8. А вие немојте да се нарекувате со почесни титули, бидејќи само Еден е Тој што заслужува почесна титула, а сите вие сте браќа.

9. И на никого на Земјава не обрнувајте му се со „Оче“, зашто имате само еден Отец, а тоа е Бог на небото.

10. Не треба да се нарекувате ни водачи, зашто имате само еден Водач, а тоа е Месијата.

Maтеј 23