Maтеј 22:5-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Меѓутоа, поканетите не сакаат да чујат, туку си заминуваат, кој на нива, кој на пазар.

6. Некои од нив дури ги тепаат слугите и ги убиваат.

7. Тогаш царот се налутува и испраќа војска да ги погуби убијците и да им го запали градот.

8. Потоа ги повикува своите слуги и им вели: ,Гозбата е приготвена, но поканетите не се покажаа достојни.

9. Тргнете сега по раскрсниците и поканете го на свадбата секого што ќе го сретнете.‘

Maтеј 22