32. ,Јас Сум Бог на Авраам, Бог на Исак и Бог на Јаков!‘ Значи, тие се живи, а не мртви, зашто Тој не е Бог на мртвите, туку на живите!“
33. Слушајќи го ова излагање на Исус, народот беше воодушевен.
34. Кога фарисеите разбраа дека Исус ги замолкнал садукеите, се собраа заедно,
35. и еден од нив, кој беше вероучител, сакајќи да Му постави стапица, Го праша:
36. „Учителе! Која е најважната заповед во Божјиот Закон?“
37. Исус му одговори: „Сакај Го Господ, својот Бог, со сето срце, со сета душа и со сиот разум“.
38. Тоа е првата и наедно најважната заповед.
39. А втората е слична на првата, и гласи: „Сакај го својот ближен како самиот себе!“
40. Основата на целиот Божји Закон и целото учење на пророците, се овие две заповеди.
41. Кога се насобраа поголем број фарисеи, Исус ги запраша:
42. „Што мислите, чиј потомок е Месијата?“ Тие Му одговорија: „Давидов!“
43. А Исус им рече: „Како тогаш Давид, поттикнат од Божјиот Дух, го нарече Месијата ,Господ‘, кога рече: