Maтеј 22:31-38 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

31. А што се однесува до воскресението на мртвите, зар не сте го прочитале тоа што ви го вели Бог:

32. ,Јас Сум Бог на Авраам, Бог на Исак и Бог на Јаков!‘ Значи, тие се живи, а не мртви, зашто Тој не е Бог на мртвите, туку на живите!“

33. Слушајќи го ова излагање на Исус, народот беше воодушевен.

34. Кога фарисеите разбраа дека Исус ги замолкнал садукеите, се собраа заедно,

35. и еден од нив, кој беше вероучител, сакајќи да Му постави стапица, Го праша:

36. „Учителе! Која е најважната заповед во Божјиот Закон?“

37. Исус му одговори: „Сакај Го Господ, својот Бог, со сето срце, со сета душа и со сиот разум“.

38. Тоа е првата и наедно најважната заповед.

Maтеј 22