30. Зашто, кога луѓето ќе воскреснат, тие нема да бидат ни женети ни мажени, туку ќе бидат како ангелите на небото.
31. А што се однесува до воскресението на мртвите, зар не сте го прочитале тоа што ви го вели Бог:
32. ,Јас Сум Бог на Авраам, Бог на Исак и Бог на Јаков!‘ Значи, тие се живи, а не мртви, зашто Тој не е Бог на мртвите, туку на живите!“
33. Слушајќи го ова излагање на Исус, народот беше воодушевен.
34. Кога фарисеите разбраа дека Исус ги замолкнал садукеите, се собраа заедно,
35. и еден од нив, кој беше вероучител, сакајќи да Му постави стапица, Го праша:
36. „Учителе! Која е најважната заповед во Божјиот Закон?“
37. Исус му одговори: „Сакај Го Господ, својот Бог, со сето срце, со сета душа и со сиот разум“.
38. Тоа е првата и наедно најважната заповед.
39. А втората е слична на првата, и гласи: „Сакај го својот ближен како самиот себе!“
40. Основата на целиот Божји Закон и целото учење на пророците, се овие две заповеди.
41. Кога се насобраа поголем број фарисеи, Исус ги запраша:
42. „Што мислите, чиј потомок е Месијата?“ Тие Му одговорија: „Давидов!“
43. А Исус им рече: „Како тогаш Давид, поттикнат од Божјиот Дух, го нарече Месијата ,Господ‘, кога рече:
44. ,Му рече Јахве на Мојот Господ: седни од Мојата десна страна, додека не ги соборам Твоите непријатели под нозете Твои!‘
45. Значи, ако Давид го нарече Месијата ,Господ‘, како може, тогаш, Тој да му биде потомок?“
46. На ова никој не можеше да Му одговори ни збор на Исус и од тој ден никој повеќе не се осмелуваше да Му поставува прашања.