Maтеј 22:10-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. Така, слугите одат и ги доведуваат сите што ќе ги најдат, и добри и лоши. И свадбената сала се наполнува со гости.

11. Тогаш влегува и царот да се сретне со гостите. Забележува еден човек кој не носи свечена облека и го прашува:

12. ,Пријателе, зошто си дошол овде без свечена облека?‘ А тој молчи.

13. Тогаш царот им заповеда на слугите: ,Врзете му ги нозете и рацете и фрлете го во најдлабоката темница. Таму ќе има лелекање и чкрипење со заби!‘

Maтеј 22